Реал Мадрид го победи Партизан во драматичен меч со 93-86, во четвртото коло од Евролигата.
Повеќе од три четврти, домашниот тим го мелеше својот ривал и сите беа подготвени за убедлив триумф на 11-кратниот европски шампион. Веќе во првата четвртина предноста беше двоцифрена (24-12), во третата изнесуваше +21 (75-54) и на Реал му преостануваше само мирно да го приведе натпреварот кон крај.
Сепак, тоа не се случи бидејќи Партизан „пристигна“ во Мадрид во последниот период. На шест минути пред крајот беше 80-61 за домашниот тим, а потоа тргна „црно-белиот“ воз кој се закани дури и да направи спектакуларен пресврт. Отворија Паркер и Вашингтон со тројки, им се придружи Осетковски, но Таварес со четири поени во низа го задржа Реал на +12. Следуваше серија од 8-0 и на нешто помалку од две минути пред крајот, на семафорот стоеше 84-80.
Сепак, Реал е премногу искусен тим и не може да загуби натпревар со четири лоши минути. Во клучните моменти на сцена стапија Лајлс и Маледон кои реализираа неколку напади и мадридскиот гигант ја запечати третата победа во четвртиот натпревар од сезоната иако тренерот Серџо Скариоло не го криеше своето разочарување и по мечот истакна дека неговиот тим играл мноигу лошо.
Во следното коло, в петок, Реал ѝ гостува на Басконија, а Реал оди во Белград, кај Црвена Звезда.


