Две македонски сениорски репрезентативки излегоа една против друга денеска во рамките на српското кошаркарско првенство.
Ања Начевска во дресот на Мега се радуваше на победата со 102-55 против Милица Николиќ, кошаркарка на Рас. Двете се светла иднина на македонската женска кошарка бидејќи Начевска има 18, а Николиќ 19 години и не е далеку денот кога ќе бидат носители на играта во националниот тим.
Од индивидуален аспект, вечерва подобра беше Николиќ која постигна девет поени и седум скока, додека Начевска заврши со седум поени, но играше пет минути помалку од својата колешка од репрезентацијата.


