Суперѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари официјално го симна Леброн Џејмс од тронот кога станува збор за листата на најплатени играчи во НБА лигата, со што заврши 11-годишното владеење на „Кралот“.
Кари стана најплатен играч во кошарката на сите времиња во однос на заработката во една година – на и надвор од теренот. Се очекува тој да заработи 159,6 милиони долари оваа сезона, вклучувајќи ја неговата плата во Голден Стејт и договорите за спонзорство. Оваа сума ги надминува 137,6 милиони долари на Џејмс и е прв пат во 17-годишната кариера на Кари во НБА тој да се најде на врвот на листата на заработка според Форбс.
Интересно е тоа што српскиот репрезентативец Никола Јокиќ е дури на десеттото место со вкупна заработка од 63,2 милиони долар. Зад него е актуелниот МВП, Шеј Гилџес-Александер со „заостанување“ од само 0,1 милион долари. Двајцата можеби се најдобри во моментов во НБА, но не се најпопуларни.
Десетте најплатени играчи во НБА ќе заработат рекордни 902 милиона долари оваа сезона, благодарение на растечките приходи на лигата и новиот договор за телевизиски права од 76 милијарди долари, кој ќе продолжи да ги зголемува платите во наредните години.


