По серијата повреди кои го зафатија тимот, Црвена Звезда ноќеска финализира големо засилување откако потпиша договор со американскиот кошаркар Џеред Батлер.
Станува збор за 25-годишен плејмејкер кој во 2021 година беше избран како 40. пик на НБА драфтот од Њу Орлеанс Пеликанс, но не заигра за овој тим бидејќи веднаш беше трејдуван во Мемфис, па во Јута. Во кариерата играше уште за Оклахома и Вашингтон, а во јули годинава потпиша за Феникс Санс за 2,5 милиони евра по сезона. Ги одигра подготвителните натпревари, но неодамна беше отпуштен и мораше итно да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Досега, тој одигра 148 натпревари во НБА лигата, со просек од 6,7 поени, 1,5 скока и 2,8 асистенции.
Звездаши, добро јутро!
Током претходне ноћи Џеред Батлер је потписао уговор са црвено-белима и после тестова и медицинских провера ставиће се на располагање тренеру Саши
Обрадовићу!Добро дошао у црвено-белу породицу! 🔴⚪️
Good morning, Crvena zvezda supporters!
Last night,… pic.twitter.com/iijesElL0o
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) October 23, 2025
„Поранешниот играч на Филаделфија и поранешен шампион на НЦАА со Бејлор, утринава потпиша договор со Црвена Звезда, а во нашиот тим носи бројни квалитети на позициите плејмејкер и шутер бек кои во моментов се ослабени поради отсуството на бројни играчи поради повреди“, се наведува на интернет-страницата на црвено-белите.
Батлер потпиша договор до крајот на следната сезона, односно до летото 2027 година. Потегот на Феникс да ја прекине соработката со него е чудна ако се знае дека тој имаше добри подготовки и минатата недела против Лос Анџелес Лејкерс постигна 35 поени и 9 асистенции.
За него беше заинтересиран и Олимпијакос, но Јоргос Барцокас не сакал да му гарантирани минути на терен, па Батлер одлучил да ја прифати понудата од Звезда. Американецот секако нема да игра против Басконија, но најверојатно ќе ја фати идната недела во која белградскиот тим се среќава со Асвел и Макаби.


