Германскиот шампион Баерн дојде до третата победа во Евролигата откако вечерва го победи Реал на домашен терен со 90-84.
„Баварците“ одиграа одлично второ полувреме во кое на Реал му дозволи само 27 поени и тоа беше клучно за големиот триумф. Гостите во првиот дуел не само што го диктираа темпото, туку имаа предност и од 16 разлика во финишот од вториот период (57-41). Баерн потоа направи две серии од по 8-0, а пред крајот на третата четвртина веќе го презеде водството.
Домаќините имаа можност да го победат Реал и со двоцифрена разлика, но шпанскиот првак во последните секунди погоди две тројки, па се избори за попристоен пораз.


