Милвоки Бакс додека третата победа во четвртиот натпревар од новата сезона откако на домашен терен го победи Њујорк со 121-111.
Никс водеа речиси цело прво полувреме, а пред неговиот крај имаа и +17 (69-52) и се чинеше дека без поголеми проблеми ќе дојдат до победата. Но, Милвоки во своите редови има еден од најдобрите кошаркари во светот, Јанис Адетокунбо се разигра во вториот дел и одлучи да ги преземе работите во свои раце.
Гркот погоди тешки шутеви од свртување, почна да се пробива и да го наоѓа патот кон кошот, а на 30 секунди пред крајот, моќно ја заби топката во обрачот за заверка на триумфот. Со тоа ја поништи одличната игра на главните кошаркари на Њујорк, Брансон и Бриџис кои долго време го носеа својот тим.
Адетокунбо го заврши натпреварот со 37 поени со одличен шут од игра (16/22), а додаде уште осум скока и седум асистенции за 37 минути во игра. Џејлен Брансон беше најефикасен кај Њујорк со 36 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Филаделфија 134-139
Мајами – Шарлот 144-117
Милвоки – Њујорк 121-111
Оклахома – Сакраменто 107-101
Голден Стејт – ЛА Клиперс 98-79


