Црвена Звезда и натаму ја има најдолгата победничка серија во Евролигата откако вечерва како гостин во Белград го совлада Макаби со 99-92.
Тоа е шести триумф по ред за „црвено-белите“ кои играат како препородени по доаѓањето на Саша Обрадовиќ. Во воведните две кола Звезда доживеа два пораза, а потоа почна магичната серија во Евролигата и АБА.
Макаби имаше шанса денеска да ја прекине бидејќи иако постојано во негатива, во последната четвртина направи пресврт и водеше и со три поени разлика (81-78). Сепак, во клучните моменти Звезда ги имаше Добриќ, Изунду и Милер Мекинтаер кои постигнаа неколку важни кошеви и го запечатија триумфот на својот тим.
Милер Мекинтаер беше убедливо најдобар играч на мечот со 23 поени и 12 асистенции, Монеке постигна 16 поени и 8 скока, а Изунду 15 поени и 7 скока. Оар го предводеше Макаби со 20 поени, а израелската гордост остана при дното на табелата со биланс 2/6.


