Бранителот на титулата во Евролигата, Фенербахче доживеа уште еден дебакл оваа сезона во елитното натпреварување.
По поразите од Жалгирис (81-84), Црвена Звезда (81-86), Дубаи (69-83) и Валенсија (79-94), турскиот гигант вечерва беше прегазен и од Реал во Мадрид каде загуби со 58-84. Особено катастрофална беше втората четвртина во која Фенербахче постигна само шест поени, а којзнае каков ќе беше епилогот ако Реал не се опуштеше во последните десет минути, па Турците во нив реализираа 23 поени, еден повеќе отколку во цело прво полувреме.
Опуштањето на Реал особено го искористи Болдвин кој во финишот постигна неколку коша, па со 14 поени беше најефикасен во гостинскиот тим. Маледон заврши како најдобар стрелец на натпреварот со 15 поени.
По осум одиграни кола, Реал е на деветтото место на табелата со биланс 4/4, додека Фенербахче се наоѓа на 17. позиција со 3/5.
ТАБЕЛА
Жалгирис – Асвел 96-59
Макаби – Црвена Звезда 92-99
Баерн – Виртус 86-70
Олимпија Милано – Париз 86-77
Валенсија – Дубаи 80-78
Реал – Фенербахче 84-58


