Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се на само еден чекор од напуштање на Евролигата, тврдиот грчкиот весник „Газета“, .
Двата клуба се поблиску од кога било до одлуката за преселба во ФИБА натпреварувањата, што е само првиот чекор кон приклучување кон лигата што НБА ќе ја воспостави во Европа, најверојатно во 2027 година.
Во моментов се врши голем притисок врз нив, прво од НБА лигата да се префрлат на нивната лига, како и Евролигата која инсистира Реал и Барса да потпишат долгорочни договори, што би ги обврзало на соработка. Рокот до кој овие два шпански гиганти треба да ја објават својата одлука е декември.
Фенербахче би можел да го следи патот на Реал и Барселона, неговиот статус е исто така неизвесен, додека првиот клуб што ќе ја напушти Евролигата и тоа на крајот од оваа сезона е Асвел.


