По четири победи во низа, Денвер Нагетс синоќа загуби на гостувањето кај Портланд со 107-109, а застана и серијата трипл дабл натпревари на Никола Јокиќ.
Најголем винвоник и за поразот и за крајот на серијата на Јокиќ е Ерон Гордон, а свој удел имаат и судиите. На пет секунди пред крајот на мечот, при резултат 107-107, додека Денвер имаше посед на противничката половина, арбитрите досудија „мртва“ топка и покрај тоа што Јокиќ беше буквално прегрнат од кошаркар на Портланд што за многумина е очигледен фаул.
При потфрлањето Србинот ја загуби топката, Блејзерс побараа тајмаут, на три секунди пред крајот. Кога екипите се вратија на терен, Гордон направи лична несфатлива лична грешка и му овозможи на Грант да ги погоди двете слободни фрлања и да му донесе победа на Портланд. Да не беше таа лична грешка, веројатно ќе се играше продолжение и Јокиќ ќе стигнеше до трипл дабл.
Во таков случај, тоа ќе беше негов петти трипл дабл во петтиот натпревар од почетокот на сезоната, нешто што не му успеало на ниеден играч во историјата. Со „четири од четири“, покрај Јокиќ, се уште Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Српскиот ас го заврши натпреварот со 21 поен, 14 скока и 9 асистенции, додека најефикасен беше Мареј со 22 поена. Дени Авдија го предводеше Портланд со 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Атланта 108-128
Филаделфија – Бостон 108-109
Кливленд – Торонто 101-112
Чикаго – Њујорк 135-125
Феникс – Јута 118-96
Портланд – Денвер 109-107
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 126-124
Мемфис – ЛА Лејкерс 112-117


