Македонската репрезентативка Ања Начевска имаше добар придонес во новата победа на нејзиниот нов тим Мега.
Белградскиот тим на домашен терен го победи Спартак од Суботица со 88-56, продолжувајќи ја триумфалната серија од почетокот на сезоната. Мега сега има биланс 6/0 и е една од само двете непоразени екипи во досегашниот дел од сезоната, покрај Црвена Звезда.
Начевска на теренот помина 15 минути и за тој период постигна 10 поени што е нејзин прв двоцифрен ефект откако го засили српскиот прволигаш. Покрај тоа, додаде уште четири скока и една асистенција, за два шутираше 3/4, погоди тројка од единствениот обид и имаше 1/2 од линијата за слободни фрлања.


