Словенечјата суперѕвезда Лука Дончиќ го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 130-120 на домашен терен над Мајами Хит.
Иако немаше добар шутерски ден (9/22 од игра, вклучувајќи 1/11 за тројка). тој успева да забележи статистика со која ќе влезе во историјата на најсилната лига. Го надомести лошиот шут од поле со слободни фрлања (10/12) за 29 поени, се истакна со одлична дефанзивна игра, бидејќи имаше 11 скока, а својот прв трипл дабл во сезоната го заокружи со 10 асистенции.
Дончиќ ја отвори сезоната со 43 поени против Голден Стејт, по што блескаше против Минесота со 49 поени. Потоа, по пауза од три натпревари поради повреди на прстите и ногата, тој се врати со ефект од 44 поени против Гризлис. На тој начин му се придружил на Вилт Чемберлен, двајцата се единствените во историјата на најсилната лига што ја отвориле сезоната со три последователни натпревари во кои постигнале 40 поени. Дончиќ исто така стана првиот НБА играч од 1961 година што ја отворил сезоната со три натпревари со повеќе од 40 поени. Ноќеска броеше до 29 против Мајами.
„Дончиќ постигна 165 поени во првите четири натпревари од сезоната. Тоа е најмногу од Вилт Чембрлен во 1962 година“, објави НБА.
Против Мајами, Дончиќ имаше поддршка од Остин Ривс кој постигна 26 поени и 11 асистенции и Џејк Ларавија со 25 поени и осум скока. Кај Мајами, Хаиме Хакез беше најистакнат играч со 31 поен и осум скока.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Мајами 130-120
Феникс – Сан Антонио 130-118
Њујорк – Чикаго 128-116
Бруклин – Филаделфија 105-129
Шарлот – Јута 126-103
Кливленд – Атланта 117-109
Торонто – Мемфис 117-104
Оклахома – Њу Орлеанс 137-106


