Натпреварот помеѓу Дубаи и Хапоел Тел Авив , во рамките на деветтото коло од Евролигата е неизвесен. Дуелот е закажан за четврток од 20:00 часот во Сараево, но претходните денови имаше силни протести и реакции поради посетата на израелската екипа во БиХ.
Протестираат жителите на Сараево кои поставија голем транспарент во градот со кој се бара откажување на натпреварот. Формирана е и организација наречена „Не во наше име“, која во своето соопштение побара од надлежните органи да го откажат мечот.
„Жителите не се подготвени арената во Сараево (Зетра н.з.), изградена од граѓаните и во нивна сопственост, да се користи за настани што претставуваат понижување за градот, неговата историја и вредноста на луѓето што живеат во него. Во деновите кога Меѓународниот суд ја продолжува својата постапка против Израел за геноцид врз Палестинците, секоја соработка со израелските спортски институции претставува согласност за геноцид. Владата на Кантонот Сараево мора да преземе одговорност и да го откаже настанот, на кој граѓаните на БиХ остро се спротивставуваат“, се вели во соопштението.
Дубаи ја избра босанската престолнина за домаќин на натпреварот против Хапоел Тел Авив затоа од безбедно причини, но и затоа што таму е роден генералениот менаџер на клубот Дејан Камењашевиќ.


