Откако на претходниот мел загуби од Портланд, Денвер Нагетс им се врати на победите во НБА лигата откако ноќеска го совлада Сакраменто на домашен терен со 130-124.
Така тимот од Колорадо ја продолжи својата серија од шест победи во дуелите со Сакраменто, а дојде до својот четврти триумф во шестиот натпревар оваа сезона. Никола Јокиќ постигна личен рекорд за оваа натпреварувачка кампања – 34 поени и 14 асистенции, а Арон Гордон додаде 20 поени. Но, Јокиќ, кој ја почна сезоната со четири трипл-дабл натпревари во низа, овој пат имаше најмалку скокови во сезоната – само четири.
Клучна беше првата четвртина која Денвер ја доби со 39-30, а Јокиќ во неа реализира безмалку половина од вкупниот број поени – 15 поени. Сакраменто се доближи на 104-110 во последниот период, но тоа се случуваше во моментите кога Србинот добри неколку минути одмор. Подоцна се врати во игра и Нагетс ја запечатија четвртата победа.
Расел Вестбрук против својот поранешен тим постигна 26 поени и имаше 12 скока што е негов најдобар ефект во двете статистички категории. Најважната работа домаќините ја завршија со тоа што го запреа Зек Лавин, кој досега имаше просек од 29,5 поени, а ноќеска беше ограничен на само 15 со шут од игра 4/11.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Милвоки 115-117
Бруклин – Минесота 109-125
Њујорк – Вашингтон 119-102
Бостон – Јута 103-105
Мемфис – Детроит 106-114
Хјустон – Далас 110-102
Денвер – Сакраменто 130-124
Портланд – ЛА Лејкерс 115-113
ЛА Клиперс – Мајами 119-120


