Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ постигна 33 поени, 15 скока и 16 асистенции и со тоа стигна до својот петти трипл дабл во седмиот натпревар од оваа НБА сезона.
Шампионот од 2023 година ја искористи неговата добра игра и го победи Мајами Хит со 122-112 продолжувајќи ја совршената серија против овој ривал. Нагетс имаат дури 11 победи во низа против Мајами, на натпревари од основен дел на сезоната. Јокиќ шутираше 12/18 од поле, и стигна до трипл дабл со офанзивен скок 6:36 минути пред крајот на третата четвртина.
Тројниот МВП на НБА сега има просек од 24,1 поен, 13,4 скока и 12 асистенции по натпревар оваа сезона. Арон Гордон додаде 24 поени за Нагетс, кои се во серија од четири победи на домашен терен оваа сезона.
Мајами не победил против Денвер во регуладен дел од сезона од 30 ноември 2016 година. Во меѓувреме, Хит победија само еднаш против Нагетс, во вториот натпревар од финалето во 2023 година кога Денвер ја освои титулата во пет натпревари. Норман Пауел со 23 поени и Ендру Вигинс со 22 беа најефикасните играчи на Хит во овој натпревар.
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Филаделфија 132-121
Детроит – Јута 114-103
Индијана – Бруклин 136-107
Њујорк – Минесота 137-114
Мемфис – Хјустон 109-124
Далас – Њу Орлеанс 99-101
Денвер – Мајами 122-112
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 118-116
Портланд – Оклахома 121-119
Сакраменто – Голден Стејт 121-116


