Нема сомнение дека Џабари Паркер е најпознатото засилување во богатата историја на Партизан, но настапот на поранешната НБА ѕвезда на почетокот на сезоната е, благо речено, скромен.
Затоа, грчкиот новинар Василис Папатеодору објавува дека Американецот би можел да го напушти тимот на Жељко Обрадовиќ. Паркер пристигна од Барселона и стана најплатен играч на Партизан во историјата, но не ги оправда вложените пари.
Она што би можело да создаде огромен проблем е платата што Американецот ја има во Партизан, која воопшто не е мала. Затоа, прашањето е евентуално раскинување и како би се согласиле двете страни, односно дали некој од клубовите би прифатил да го преземе договорот.
Досега во Евролигата, Паркер има запишано 11,3 поени, 3,4 скока и 0,9 асистенции по натпревар, со многу лоши проценти на шутирање. Шутира со 47,8 % за два (22/46), додека за тројка има 31,8 % (7/22)/


