Најновите информации од Панатинаикос укажуваат дека враќањето на Матијас Лесор на теренот нема да се случи толку брзо колку што се очекуваше.
Повредата на францускиот центар е многу посериозна отколку што се надеваше грчкиот клуб. Откриено е дека најновите медицински прегледи не донеле добри вести.
„Резултатите од последната магнетна резонанца на Лесор се разочарувачки. Тие не беа ни блиску до она што го посакуваа луѓето во Панатинаикос, ниту самиот Лесор. Ова значи дека времето, не за играње, туку дури и за започнување со редовни тренинзи, е многу подалеку отколку што очекуваше Панатинаикос. Затоа, имам впечаток дека ПАО би можел да бара не еден, туку двајца високи играчи“, објави новинарот на грчката Новаспорт, Григорис Папавасилиу.
Враќањето на Лесор беше привремено планирано за средината на ноември, но сега се чини дека ова сценарио е практично невозможно. Атаман сметаше на него за дуелот против Арис на 16 ноември, но нема никакви шанси Французинот да заигра тогаш. Дури, во оваа фаза, во прашање е доведена и кариерата на Лесор бидејќи од повредата поминаа 11 месеци. Тој накратко се врати пред крајот на минатата сезона, но не е исклучено со тоа да ја влоши ситуацијата бидејќи потоа не можеше да игра на Европското првенство, а и сега, на стартот од новата натпреварувачка кампања.
Патаникос, во меѓувреме, се соочи со сериозна криза под кошот – повеќето центри во ротацијата на Атаман се повредени, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Клубот веќе реагираше со ангажирање на искусниот Кенет Фарид, но јасно е дека Лесор е незаменлив. Затоа, се повеќе се шпекулира дека „зелените“ би морале да посегнат по уште едно засилување на високите позиции, барем додека Лесор не биде подготвен, барем за тренинг, а тоа очигледно нема да биде наскоро.


