Челниците на НБА Европа ги открија првите детали за натпреварувањето. Во интервју за „Ла Газета дело Спорт“, Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, откри дека проектот ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата сезона, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул што значи дека Италија, Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија ќе имаат по два претставника, а Турција и Грција по еден. Сè уште не е познато дали ќе се основаат нови тимови или ќе се активираат постојните.
„Моментално се водат многу дискусии за екосистемот и градовите учеснички, како и за тоа како ќе изгледаат арените каде што ќе се играат натпреварите. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат име за себе во кошарката, а ќе има и градови каде што ќе почнеме од нула. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојани, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, рече Ајвазоглу.
Наскоро ќе видиме како сето ова ќе изгледа во пракса, но новото натпреварување секако ќе биде сериозна конкуренција на Евролига.


