Нешто повеќе од еден месец по почетокот на новата сезона, Барселона ја прекина соработката со тренерот Жоан Пењароја.
Трпението е исцрпено по денешниот дебакл на гостувањето кај Жирона (пораз од 78-96), но вакво сценарио беше најавено уште по петочниот пораз од Реал во првото Ел Класико оваа сезона. Пењароја ја презеде Барселона пред почетокот на минатата сезона, но не само што не успеа да освои трофеј, туку доживеа многу разочарувачки резултати, како во шпанското првенство, така и во Евролигата.
𝐉𝐨𝐚𝐧 𝐏𝐞𝐧̃𝐚𝐫𝐫𝐨𝐲𝐚 𝐝𝐞𝐢𝐱𝐚 𝐝𝐞 𝐬𝐞𝐫 𝐞𝐧𝐭𝐫𝐞𝐧𝐚𝐝𝐨𝐫 𝐝𝐞𝐥 𝐁𝐚𝐫𝐜̧𝐚 𝐝𝐞 𝐛𝐚̀𝐬𝐪𝐮𝐞𝐭.
— Barça Basket (@FCBbasket) November 9, 2025
L’entrenador del Barça, Joan Peñarroya, no seguirà al capdavant de la banqueta blaugrana. El Barça vol agrair al tècnic la seva professionalitat i li desitja molts… pic.twitter.com/BhDQygnl5w
На пример, ги загуби сите девет дуели против Реал и е прв тренер кој ја водел Барселона на повеќе од три меча, а не успеал да оствари триумф над најголемиот ривал. Сепак, факт е дека Пењароја е колатерална штета на она што се случува во Спортското друштво Барселона, а уште повеќе од 2023 година кога си замина Шарунас Јасикевичиус од кормилото на кошаркарскиот тим. Сите сили се насочени на фудбалската екипа, па кошаркарската секција е оставена на милост и немилост, без сериозни инвестиции и без никаква концепција или план за иднината.
Како можен наследник на Пењароја се спомнува Чави Пасквал, тренерот под чие водство Барселона ја освои втората и досега последна титула во Евролигата, во 2010 година. Тој е без ангажман откако летоска си замина од Зенит, а самиот неколку пати изјавуваше дека би сакал пак да ја преземе Барселона и да работи во Евролигата. Засега од клубот нема потврда и неизвесно е кој ќа ја води екипата во двојното коло од Евролигата претстојната недела, против Баерн и Виртус.


