Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја забележа шестата победа во последните седум натпревари, откако како гостин го совлада ослабениот Шарлот Хорнетс со 121-111.
Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ повторно имаше вечер за паметење, водејќи ги Лејкерси со 38 поени, пет тројки и низа атрактивни потези. Словенечкиот ас ја воодушеви публиката со моќно забивање со две раце, а предизвика и овации кога, по тајмаут во последната четвртина, погоди шут од три четвртини од теренот за забава. Се истакна и Остин Ривс кој му обезбеди одлична поддршка на Дончиќ, постигнувајќи 24 поени.
Свои моменти, особено во третата четвртина имаше и јапонскиот репрезентативец Руи Хачимура, кој 13 поени во тој период кој Лејкерс го добија со 31-15 и практично ја заверија својата победа. Додека одбраната на Хорнетс се фокусираше на удвојување на Дончиќ, Хачимура го искористи тоа и со три важни тројки го доведе својот тим до недостижна предност.
Домаќините, кои играа без Ламело Бол и Брендон Милер, пружија жесток отпор. Ги предводеше Мајлс Бриџис со 34 поени и седум тројки, од кои 16 поени во првата четвртина. Дебитантот Кон Кнупел исто така одигра одличен натпревар, а со 19 поени, 10 скока и девет асистенции беше на чекор од својот прв трипл-дабл во кариерата.
Во досегашниот дел од сезоната, Дончиќ има просек од 37,0 поени, 10,0 скока и 9,5 асистенции по натпревар оваа сезона. Од друга страна, Ривс на сите шест натпревари на кои настапи, постигна над 20 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – ЛА Лејкерс 111-121
Детроит – Вашингтон 137-135
Орландо – Портланд 115-112
Мајами – Кливленд 140-138
Чикаго – Сан Антонио 117-121
Далас – Милвоки 114-116
Феникс – Њу Орлеанс 121-98
Јута – Минесота 113-120
ЛА Клиперс – Атланта 102-105


