Она што долго време се шпекулираше, ноќеска доби потрвда директно од НБА: на претстојниот Ол стар викенд ќе има дуел меѓу Американците и остатокот од светот.
Практично, ќе има два дуела бидејќи повторно ќе биде организиран мини-турнир. Во него ќе учествуваат три екипи, два составени од Американци и еден од интернационалци. Ќе се играат четири натпревари, секој во траење од 12 минути. Натпреварувањето ќе се игра според системот „секојо против секого“, а во четвртиот, или поточно, финалниот натпревар, ќе се сретнат двете првопласирани екипи. Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Лука Дончиќ, Јанис Адетокунбо, Шеј Гилџес Александар… ќе имаат можност да ги здружат силите и да покажат дека Американците навистина повеќе не се главни во лигата.
На Ол-стар натпреварот ќе учествуваат 24 играчи, по 12 од секоја конференција што значи дека ќе настапат само осуммина неамерикански кошаркари што ќе ја направи конкуренцијата исклучително силна. Новиот формат треба да го направи настанот повозбудлив, но повторно, сè зависи од играчите и нивната желба навистина да се натпреваруваат. Лигата се обиде со бонуси за победникот во претходните години, но за суперѕвездите, парите што би ги добиле од лигата се споредливи со капка во морето
Ол-стар викендот во 2026 година ќе се одржи во Лос Анџелес, во новата арена на Клиперс, „Интуит Доум“.


