Освен што доживеа неочекуван пораз од последнопласираниот Асвел, екипата на Партизан покажа сериозни елементи на дезорганизација.
На мечот во Франција, камерите ги уловија моментите кога во вербален дуел беа тренерот Жељко Обрадовиќ и центарот Тајрик Џонс. Инцидентот се случи во последните минути од натпреварот кога Партизан направи пресврт и поведе со четири разлика, но потоа водството не успеа да го сочува до крај.
Rasprava Željka Obradovića i Tajrika Džonsa pic.twitter.com/uOhSssjZTy
— dedalaki (@dedalaki1) November 14, 2025
Тајрик Џонс поради повреда не беше во протоколот за овој натпревар, па мечот го следеше од место во близина на теренот. Во еден момент стана од столчето и дојде до клупата на својот тим, објаснувајќи им на судиите каква одлука треба да донесат.
Обрадовиќ го забележа тоа и почна да урла по него, Џонс се обиде да се поздрави, но славниот тренер стана уште пожесток. Реакциите на тренерот не беа без причина бидејќи поради тоа што не беше во протоколот, Американецот не смееше да седи или стои покрај клупата затоа што со тоа се ризикува техничка грешка на тимот.


