Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски се наоѓа во одлична форма пред стартот на претквалификациите за Европското првенство, за десетина дена.
Нашиот кошаркар повторно беше еден од најдобрите во тимот на Тренто кој денеска доживеа несреќен, минимален пораз на гостувањето кај Сасари (88-89). Тренто достигна негатива од десет разлика и се наоѓаше во водство безмалку цело второ полувреме, во финишот и со седум поени (85-78 ), но дозволи противникот да направи серија од 10-0 во клучните моменти и на крајот да победи со кош на 21 секунди пред последниот звук на сирената.
Јакимовски повторно беше трет стрелец за својот тим, постигнувајќи 15 поени со седум скока за 28 минути во игра. Погоди 3/5 за два, 2/5 три поени и 3/4 од линијата за слободни фрлања. Пред него беа само Бетл со 22 и Џонс со 19 поени, а Тренто по овој пораз падна на 11. позиција со биланс 3/5.


