Вицешампионот на Македонија, ТФТ го доживеа вториот пораз во АБА 2 лигата откако денеска загуби на гостувањето кај Широки со 72-85.
Нашиот претставник беше на ниво само во првото полувреме во кое одлично му парираше на противникот и се избори за водство од 40-37 на голем одмор. Широки ја презеде контролата над играта во третиот период, а победникот го реши со серијата од 13-0 меѓу третата и последната четвртина по која поведе со 68-52.
Највисоката предност на Широки изнесуваше 21 разлика (76-55), но оттогаш ТФТ направи 15-2 и симна на само девет поени. Сепак, време за пресврт немаше и босанскиот претставник ја однесе победата.
ТФТ го одигра натпреварот со само осуммина кошаркари и тоа веројатно е една од причините за поразот. Поради повреди, во конкуренција не беа Василевски, Зафиров и Наумовски, па во конкуренција беа Дејвис беше најефикасен со 16 поени, Говенс постигна 15, а Ташовски 14. И во следното коло ТФТ ќе биде гостин во БиХ и тоа на екипата на Борац Бања Лука.


