Екипата на Атомерому, предводена од македонскиот стручњак Александар Јончевски, го совлада Шопрон со 94-72 за трета победа во низа и четврта во последните пет натпревари од унгарското првенство.
Шопрон се наоѓа на третата позиција на табелата што дава дополнителна тежина на денешниот триумф на Атомерому. Со него, составот на Јончевски се искачи на петтото место со натпревар помалку од денешниот противник кого би можел да го стигне во претстојното коло.
Во унгарското првенство, како и во цела Европа, претстои пауза поради стартот на квалификациите за Светското првенство, па следниот меч на Атомерому е на 5 декември.


