Лос Анџелес Клиперс го победи Шарлот Хорнетс со 131-116 во натпреварот кој го одбележа суперѕвездата на домашниот тим Кавај Ленард.
Популарната „Брада“ ја презеде целата одговорност на тимот во отсуство на дел од важните играчи во тимот и го заврши натпреварот со неверојатни 55 поени. Со тоа го израмни рекордот на сезоната во НБА кој досега го држеа Никола Јокиќ и Шеј Гилџес Александер.
Харден испиша историја со тоа што стана најефикасен играч на Клиперс во првата четвртина, постигнувајќи 27 поени, а можеше да постигне и повеќе ако не промашеше две слободни фрлања. До крајот на натпреварот погоди десет тројки, а ова е 25. пат во неговата кариера да има натпревар со најмалку 50 поени.
Покрај Харден, се истакнаа и Ивица Зубац со 18 поени, 8 скока и 6 асистенции, како и Брук Лопез и Коби Сандерс со по 11 поени. Во редовите на Шарлот, Кон Кнупел постигна 26 поени.


