Екипата на Тофаш синоќа оствари голем триумф откако на домашен терен го совлада Анадолу Ефес што е втор голем скалп на тимот, по оној на Фенербахче во првото коло од сезоната во турското првенство.
Еуфоријата кај навивачите беше огромна, но во моментите на големото славје, македонскиот стручњак Емил Рајковиќ, кој од оваа сезона е тренер на Тофаш, уште еднаш ја покажа својата човечка големина. Победата против Анадолу Ефес тој ја посвети на младо момче кое се бори со канцер на лимфниот систем и кој имаше можност по мечот да присуствува во соблекувалната и да се поздрави со своите омилени кошаркари.
✊ Anadolu Efes galibiyetimizi; Lenfoma kanseriyle olan mücadelesini kazanan ve bu savaşıyla takımımıza da umut olan 𝗞𝘂𝘇𝗲𝘆'𝗲 armağan ediyoruz 🍀#WeStayTOGETHER 🔵🟢 #BirlikteZaferlere pic.twitter.com/Oszgcxg6S4
— TOFAŞ Spor Kulübü (@TofasSporKulubu) November 23, 2025
„Ние тука имаме момче кому сакам да му ја посветам денешната победа. Кузеј е момче кој е поголем борец од нас, ние се бориме за победи, за нашите кариери, за слава, а тој се бори за нешто многу поголемо“, рече Рајковиќ пред кошаркарите, а потоа му дозволи на младото момче да се приклучи на тимскиот поздрав.
На репрезентативната пауза Тофаш оди како шестопласиран на табелата, со биланс 5/4, а во следното коло, на 7 декември, гостува на Ерокспор.


