Екипата на Лос Анџелес Лејкерс триумфираше во градското дерби со Клиперс и ја продолжи победничката серија во НБА која веќе изнесува пет победи и се израмни со Денвер на втората позиција во Западната конференција.
Пред своите навивачи, Лејкерс славеа со 135-118, на крилјата на Лука Дончиќ кој ја потврди фантастичната форма од почетокот на сезоната. Одлуката падна во последната четвртина во која домаќините влегоа со предност од пет разлика, а со две мали серии за кратко направија +15.
Лос Анџелес Клиперс, кој оваа сезона има многу проблеми во својата игра, го доживеа 13. пораз во 18. натпревар. Повторно расположен за игра беше само Џејмс Харден, останатите се далеку од посакуваниот ритам и може да се насети дека оваа екипа ќе има голема мака да се пласира во плејофот.
Словенечкиот ас Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален натпревар и штета е што не го круниса со трипл дабл бидејќи му недостасуваше многу малку. Постигна 43 поени со шут од игра 50%, додавајќи уште 13 асистенции и девет скока.. Му помогна Остин Ривс кој постигна 31 поен, а на ниво беше и Леброн Џејмс кој заврши со 24 поени. Харден ги предводеше Клиперс со 29 поени, далеку најмногу во својата екипа.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Атланта 132-113
Филаделфија – Орландо 103-144
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 135-118


