Како гром од ведро небо денеска дојде веста дека тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, поднесе оставка на својата функција.
Според информациите од Србија, тој поднел неотповиклива оставка, а не им требало долго време на поранешните играчи на Партизан да кажат што имаат на оваа тема. Меѓу нив и Матијас Лесор, кој исклучително го цени српскиот стручњак, меѓу другото и затоа што го направи еден од најдобрите играчи во Евролигата.

Сепак, има и такви кои не носат добри спомени од работата со Жељко Обрадовиќ. Тристан Вукчевиќ беше едно од првите засилувања откако деветкратниот европски шампион се врати во Партизан, но во првата сезона не беше стандарден. Едноставно, не можеше да ги исполни барањата на Обрадовиќ и во текот на третата сезона го напушти клубот. Замина во НБА каде што игра за Вашингтон Визардс и се чини дека Америка му одговара повеќе.
Вукчевиќ брзо реагираше на веста дека Обрадовиќ поднесе оставка и се огласи на Инстаграм. Остави мистериозна порака, ама се чини дека сите сфатија што мисли на оваа тема.


