Најголемиот европски тренер на сите времиња со писмо им се заблагодари на навивачите и се збогува со Партизан кого го водеше од 2021 година.
Денеска српските медиуми објавија дека тој во текот на денот поднел оставка, но досега немаше официјално соопштение ниту од него, ниту од клубот.
„Драги навивачи на Партизан,
Пред четири и пол години се вратив во мојот сакан клуб и тргнав заедно со вас да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел нашиот Партизан повторно да стане дел од Евролигата по 10 години и сите заедно успеавме во тоа. Натпреварите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде моментот кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да поднесам неотповиклива оставка.
Pismo Željka Obradovića:
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 26, 2025
🗣️ https://t.co/RTVJLTcyz9#KKPartizan pic.twitter.com/qTjDKqUxGA
Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои му помогнаа на нашиот клуб сите овие години, на претседателот на клубот и на сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори. Многу сум благодарен на сите играчи кои беа со нас во овие четири и пол години, на членовите на мојот тренерски штаб (многу пати сум нагласил, најдобриот што го имав) и секако голема благодарност до сите навивачи на Партизан!
Ви благодарам за безусловната поддршка, почит и љубов што ми ја дававте сите овие години во секоја прилика!
Секогаш еден од вас, вечно благодарен!“, напиша Обрадовиќ.


