Жељко Обрадовиќ минатиот месец влезе во својата 33. сезона како тренер на клуб и ова е првпат да го заврши својот ангажман на средина од натпреварувачката кампања.
Никогаш претходно не дал оставка или бил отпуштен, секогаш ја вршел работата барем до крајот на првенството. Единствениот познат случај кога ја понудил својата оставка се случил во овој период 2016 година. Басконија тогаш го демолираше Фенербахче со 86-52 во Виторија и со тоа му го нанесе на Обрадовиќ најтешкиот пораз во неговата кариера, по што тој направи некарактеристичен потег.
Одлучи да поднесе оставка по катастрофалниот настап на неговиот тим, приказна што ја потврдија самиот Обрадовиќ и претседателот на Фенербахче кој не сакаше ниту да слушне за такво нешто. Место оставка, на Обрадовиќ му беше даден нов договор со Фенербахче, а судбината сакаше да ја освои титулата со клубот од Истанбул токму таа сезона. Тоа беше нивна прва, а деветта за Обрадовиќ, се чини и последна.


