Раководството на Партизан ја отфрли оставката на Жељко Обрадовиќ, официјално објавија црно-белите.
Белградскиот клуб денеска одржа итен состанок на Извршниот одбор во врска со новонастанатата ситуација во клубот,а епилогот од состанокот одекна низ цела Европа. Извршниот одбор, на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, едногласно одлучи да не ја прифати оставката на Жељко Обрадовиќ и да му пружи безрезервна поддршка, со желба да остане прв тренер на Партизан и да ги преземе потребните чекори што би донеле подобрување на резултатите на црно-белите.
По оваа одлука, Партизан му се обрати на Жељко Обрадовиќ и го замоли да ја преиспита својата оставка, да се откаже од неа и да продолжи да работи.
Останува да се види што ќе направи легендарниот тренер и дали на крајот ќе поднесе оставка, но во моментов тој ја има поддршката на сите навивачи на Партизан.


