Репрезентацијата на Србија ја победи Швајцарија со 90-86 во првото коло од групата Ц од првата фаза од квалификациите за Светското првенство.
Во салата „Александар Николиќ“ се одвиваше невидена драма, а Србија, во дебито на селекторот Душан Алимпијевиќ, забележа триумф откако губеше со 23 поени по првото полувреме (34-57).
Србите играа во состав каков што немале досега, не второ, туку третокласен, без ниедна од големите ѕвезди кои играат во европските клубови, вклучувајќи ги Партизан и Звезда, како и во НБА. Токму затоа и се мачеа повеќе од едно полувреме, но кога почнаа да играат, немаше запирање.
Во финишот дојде до голема драма, Србија водеше со седум разлика, ама Швајцарците стигнаа, дури и поведоа. Домаќините повторно отиде на +6 (88-82), но противникот внесе драматика и успеа да се доближи на само два поена негатива. Сепак, немаше време за нов пресврт и Србите се израдуваа на првата победа во квалификациите.
Душан Ристиќ со 24 поени беше најефикасен, Стефан Миљеновиќ додаде 23. Танасковиќ 16, а Момиров 12. За Швајцарија, 19 поени од Шумахер, 15 од Фофана и 13 од Граве.


