Деветкратниот европски шампион Жељко Обрадовиќ не се согласил да се врати на тренерската клупа на Партизан и покрај тоа што навивачите вчера му приредија спектакуларен пречек од Атина.
Тоа е епилогот од денешниот состанок со Управниот одбор иако Кошаркарскиот клуб се уште не излегол со официјално соопштение. Српските медиуми тврдат дека Обрадовиќ не се согласил да ја повлече оставката, но сепак конечната одлука по ова прашање ќе биде донесена во текот на утрешниот ден кога екипата ќе го одржи првиот тренинг по четиридневниот одмор.
Наводно, најголем проблем за тренерот е односот со играчите и нивното однесување бидејќи тие, како што тврдат медиумите, не реагираат на она што го бара од нив, ниту да го спроведат на делот и просто не верува дека повеќе има простор за соработка.


