Тренинг на Партизан што требаше да се одржи во белградската Арена е одложен откако група навивачи се собраа пред салата за да протестираат против оставката на тренерот Жељко Обрадовиќ, надевајќи се дека на овој начин некако ќе го убедат трофејниот стручњак да остане.
Набрзо пристигна информација дека Обрадовиќ одбил да се врати на клупата на Партизан по вторпат и дека дефинитивно повеќе не е тренер на црно-белите, што предизвика бурна реакција од неколку стотици присутни навивачи. Кратко откако беше објавена информацијата дека Обрадовиќ одбил не се враќа на клупата на Партизан и дефинитивно го напушта клубот, неколку стотици најекстремни навивачи на Партизан почнаа да создаваат хаос пред Арената.
Тие ги демолираа барикадите и ги скршија стаклата на вратите и прозорците на „Малата арена“ каде што играчите од првиот тим на Партизан имаат тренинзи, и им рекоа на раководството и играчите да излезат.
Толпата се собра сè до влезот, за никој да не може да ја напушти салата, а како што може да се види на снимките, играчите се засолниле од подот на малата сала.


