Ситуацијата во Партизан полека добива разврска откако вчера Жељко Обрадовиќ дефинитивно го напушти клубот.
Вечерва на прес-конференција се појави претседателот Остоја Мијаиловиќ кој изнесе низа информации во врска со состојбата во екипата последните месеци, практично од почетокот на сезоната. Тој откри дека имало тепачка во која учествувале тројца кошаркари и со нив во најбрз можен рок ќе бидат раскинати договорите.
„Кога го одобривме буџетот, една од трите цели беше дисциплината. Ја имавме таа тепачка што создаде лоша слика за клубот. Од самиот почеток, Савиќ им изрекуваше казни на сите играчи кои доцнеа и ги кршеа правилата. Нема да излегувам јавно, членовите на персоналот ми кажаа дека некои играчи го пцујат тренерскиот штаб, не можев да верувам. Во наредниот период, веројатно ќе ги раскинеме договорите на тепачите. Сите плати се исплатени и даноци се платени за оваа година. Клубот е стабилен, некои играчи не го почитуваат тренерскиот штаб, а тоа беше очигледно во резултатите. Серијата 0-25 (против Панатинаикос н.з.) е протест“, откри Мијаиловиќ.


