Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува со одличните игри, како на репрезентативно, така и на клупско ниво.
Денеска продолжија натпреварите од Еврокупот, Тренто славеше исклучително важна победа на гости кај Улм со 100-87, а Јакимовски беше еден од најдобрите во својата екипа. За 25 минути во игра, тој постигна 13 поени и 9 скока и за малку му избега дабл дабл на овој меч.
Веројатно ќе имаше многу подобар ефект ако тренерот имаше малку поголемо чувство и го оставеше подолго во игра бидејќи Јакимовски на почетокот од втората четвртина веќе имаше девет поени. Во два наврата го „пресече“, го седна на клупа по што на нашиот кошаркар не успеа да се врати во ритам.
Со овој меч, Јакимовски ја мина границата од 100 поени, во моментов има 108 или во просек по точно 12 на натпревар.


