Партизан ја прекина серијата порази во Евролигата откако вечерва на домашен терен го победи Баерн со 92-85 во првиот натпревар по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Трофејниот стручњак при поднесувањето на оставката се пожали дека играчите не го слушале и таквата негова теза денеска доби потврда бидејќи „црно-белите“ одиграа еден од своите најдобри натпревари сезонава. Дури и навивачите на Партизан се изненадени како оние што не можеа да се спојат со топката до минатото коло сега блеснаа.
Најдобри беа двајца од четворицата за кои најмногу се шпекулираше дека го „минираат“ Обрадовиќ и кои добија најсилни свирежи од своите навивачи при претставувњето на екипите – Двејн Вашингтон и Тајрик Џонс. Првиот постигна 22 поена, погодувајќи пет тројки, а вториот заврши со 21 поен и 10 скока, со само две промашувања од игра. Спенсер Динвиди го предводеше тимот на Баерн со 25 поени, а германскиот првак го загуби натпреварот поради очајната трета четвртина која му припадна на Партизан со 92-85.
Со оваа победа Партизан се израмни со Баерн со биланс 5/9, но местата кои водат во плејинот се уште многу далеку бидејќи десеттопласираниот Реал е на 8/6.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Реал 75-81
Жалгирис – Макаби 65-83
Монако – Париз 125-104
Хапоел – Асвел 87-80
Партизан – Баерн 92-85


