По 1.297 натпревари во низа и речиси 19 години, завршиневеројатната серија на Леброн Џејмс од најмалку 10 поени во еден натпревар.
Првиот стрелец во историјата на НБА со 42.268 поени постигна само осум во драматичната победа на Лос Анџелес Лејкерс од 123-120 над Торонто Репторс. Можеше да ја продолжи низата, но место да се обиде да поентира во клучниот напад, тој асистираше за победничката тројка на Руи Хачимура во последните секунди.
Ова беше само деветтиот натпревар во кариерата на Џејмс во основен дел од сезона во кој постигна едноцифрен број поени. Последен пат тоа се случи на 6 јануари 2007 година.
Кога Џејмс ја започна неверојатната серија што заврши ноќеска, првиот избор на драфтот оваа година, Купер Флег, имаше 15 дена, а најстариот син и соиграч на Леброн, Брон беше тукушто роден. Луѓето штотуку се запознаваа со социјалната мрежа Твитер (сега Х), а Џорџ В. Буш беше претседател на Соединетите Американски Држави.
Следниот факт открива колку е моќна таа серија. Најдолгата активна серија на натпревари со двоцифрен број поени сега ја држи Кевин Дурант, 37-годишен играч на Хјустон Рокетс. Тој е во серија од 267 последователни натпревари со 10+ поени. За да го достигне Џејмс, осмиот најдобар стрелец во историјата на НБА (30.996 поени), ќе треба да одигра 82 натпревари во следните речиси цели 13 сезони и никогаш да не заврши натпревар со едноцифрен број поени.


