Екипата на Денвер славеше на гости против Атланта со 134-133, благодарение на големиот пресврт во второто полувреме.
Најголемата разлика во текот на втората четвртина беше +23 за домашниот тим, а Денвер успеа да се врати во третата четвртина, кога ја намалија разликата на едноцифрена бројка. Клучна беше серијата од 23-3 во последната четвртина, од која Атланта не успеа да се опорави, иако беше многу блиску во последната минута. Клучен повторно беше Никола Јокиќ кој во второто полувреме постигна 30 поени, вклучувајќи ги последните 11 за својот тим и тој му кумуваше на големиот пресврт.
Српскиот центар го заврши натпреварот со 40 поени, девет скока, осум асистенции и една украдена топка и една блокада. Џамал Мареј повторно даде важен придонес со 23 поени, 12 асистенции и пет скока. Тим Хардавеј постигна 17 поени и шест скока, а Кам Џонсон имаше 16 поени и четири скока.
Џејлен Џонсон имаше нереално прво полувреме, запишувајќи трипл-дабл со што стана само осми играч во историјата што го сторил тоа. Тој го заврши натпреварот со 21 поен, 18 скока и 16 асистенции.
Денвер сега е трет на Западот со резултат од 16/6 и го игра следниот натпревар в понеделник против Шарлот. Атланта го претрпе третиот пораз и моментално е деветта на Истокот со резултат од 13/11.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – ЛА Лејкерс 126-105
Орландо – Мајами 106-105
Атланта – Денвер 133-134
Кливленд – Сан Антонио 130-117
Детроит – Портланд 122-116
Њујорк – Јута 146-112
Торонто – Шарлот 86-111
Чикаго – Индијана 105-120
Хјустон – Феникс 117-98
Милвоки – Филаделфија 101-116
Мемфис – ЛА Клиперс 101-116
Оклахома – Далас 132-111


