Жестокиот темперамент на Жељко Обрадовиќ очигледно не им се допаѓал на играчите на Партизан и веројатно тоа е една од причините за лошите игри на тимот од почетокот на сезоната.
Такво нешто може да се заклучи и од изјавата на Двејн Вашингтон по синоќешниот натпревар кога индиректно го пецна довчерашниот тренер на тимот.
„Оцоколиќ ни верува, ниеднаш не викнал на нас откако ја презеде екипата, ни дава голема поддршка и добри совети кои ни ја зголемуваат самодовербата. Навистина е добро да го имаме него за тренер“, рече Вашингтон.
Од неговата изјава можеби може да се заклучи зошто играчите се свртеле против Обрадовиќ и кој е „заслужен“ за неговото заминување.


