Екипата на Атомерому, предводена од поранешниот македонски селектор Александар Јончевски приреди огромно изненадување откако попладнево го победи шампионот на Унгарија, Солнок со 90-87.
За Солнок, кој ја брани титулата, ова е прв пораз во сезоната и тоа дури во 12. коло во првенството. Атомерому, пак, влегува во одлична форма и денешната победа беше четврта во последните пет кола од шампионатот.
Триумфот на Атомерому дополнително добива на значење ако се знае дека во третата четвртина гостите водеа и со 11 поени разлика (60-49), а против таков ривал, тоа воопшто не е наивна негатива. И покрај тоа, Јончевски успеа да ги крене своите кошаркари кои во последниот период го свртеа резултатот во своја корист, поведоа и со шест разлика (86-80) и дојдоа до големата победа.


