На годишната прес-конференција, претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, одговори на прашање кое ги интересира сите навивачи на црно-белите, а се однесува на заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Првиот човек на белградскиот клуб откри дека не се чувствува одговорен за заминувањето на Жељко Обрадовиќ и покрај тоа што навивачите него директно го обвинија за ваквиот развој на настаните.
„Жељко Обрадовиќ самиот поднесе оставка. Јас сум секако најзаслужен што се врати во Партизан и многу го ценам. Му дадовме постојана поддршка и тоа е видливо во буџетот. Не се чувствувам виновен за ситуацијата на табелата и во соблекувалната, иако понудив да помогнам во разговорот со играчите. Разговарав со играчите пред дербито, беше многу добра средба, тие презентираа голем број проблеми што ги имаа. Атмосферата се промени.
Го гледав неговиот говор, беше емотивен. Не гледам дека јас, како претседател, придонесов за тоа што сме 18. на табелата. Проблемот отсекогаш биле резултатите. Денес поставувам конкретно прашање: Дали проблемот се парите или резултатите? Како можам да влијаам на нешто што нема никаква врска со парите? Ја разбирам фрустрацијата на навивачите, разбирам што тој донесе во клубот. Разбирам дека се лути, но не можам да прифатам одговорност за нешто што не е моја вина“, рече Мијаиловиќ.
Тој уште не се појавил на натпревар на Партизан откако Обрадовиќ си замина од клубот, а жестоко беше навредуван на секој од четирите меча кои ги одиграа „црно-белите“ во претходните десетина дена.


