Црвена Звезда го претрпе третиот пораз во низа и четврти на последните пет меча од Евролигата, а тренерот Саша Обрадовиќ повторно се пожали на судењето на овој натпревар.
Неговото расположение е драстично променето во однос на почетната фаза од неговиот престој во Звезда кога имаше серија победи, постојано е во расправија со судиите, а белградскиот тим од челната позиција, падна на осмото место на табелата. Синоќа „црвено-белите“ загубија на гости кај Хапоел Тел Авив, а по натпреварот се случи еден интересен момент.
?????
#kkcz pic.twitter.com/H5co3rZwTp
— EXODUS (@exoduszz23) December 16, 2025
Обрадовиќ не знаеше дека неговиот микрофон е вклучен, па додека се подготвуваше да даде коментар на натпреварот, сочно опцу и тоа се слушна. Дилемата е кон кого беше упатена пцовката бидејќи претходно гестикулираше некому во салата.


