Прославениот српски стручњак Жељко Обрадовиќ за прв патпо напуштањето на Партизан проговори за својата иднина.
Тој неодамна поднесе оставка од функцијата главен тренер на црно-белите, а потоа излегоа шпекулации дека веќе има понуди од други клубови. Засега ниедна од нив нема да прифати и ќе биде надвор од кошарката најмалку до лето.
„Во моментов не размислувам за ништо друго, освен за моето семејство. Нема да работам за ниту еден клуб до крајот на јуни. Во овој период немам намера да разгледувам никаков предлог за соработка, без оглед од каде доаѓа“, изјави Обрадовиќ за грчката телевизија „ЕРТ“.
Привремена замена на Обрадовиќ е Мирко Оцокољиќ, кој го води тимот и на натпреварот против Виртус вечерва. Освен Партизан, Обрадовиќ (65) во својата клупска кариера беше тренер и на Хувентут, Реал, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче.


