По четири победи во низа во сите натпреварувања, Партизан предводен од новиот тренер Мирко Оцокољиќ денеска го доживеа првиот пораз.
И тоа каков… „Црно-белите“ на домашен терен беа уништени од Виртус со 68-86 во меч во кој губеа и со 23 поени разлика. Добрата енергија од претходните натпревари не беше искористена, па Партизан направи голем чекор назад кога станува збор за борбата за пласман во плејофот.
Ова е трета победа по ред на Виртус против Партизан во Белград, но претходните два беа изразени со еден, односно два разлика. Домаќините беа подобри во почетната фаза од мечот, во втората четвртина водеа и со осум разлика (35-27), но потоа Виртус ја презеде контролата над резултатот и до крајот го прегази својот противник.
В петок Партизан гостува кај Жалгирис, додека Виртус останува во Белград каде за два дена ќе се сретне со Црвена Звезда.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Анадолу Ефес 64-87
Асвел – Баерн 76-74
Партизан – Виртус 68-86


