Бизарни работи се случуваат оваа сезона во Партизан, а сето тоа кулминира последните две недели, откако Жељко Обрадовиќ соопшти дека си заминува.
Прво навивачи упаднаа на тренинг со намера да тепаат дел од кошаркарите, особено странските, потоа ги исвиркаа своите играчи на дуелот со Баерн и жестоко ја навредуваа управата, пред се претседателот Остоја Мијаиловиќ за вчера дури да ги гаѓаат со тврди предмети. Во текот на мечот против Виртус повторно беа навредувани функционери, сега на удар беше и Жарко Паспаљ, упатени беа свирежи за играњето на кошаркарите и потоа дојде најинтересното.
Тврди предмети полетаа кон кошаркарите за нивниот индолентен однос и тешкиот пораз и постоеше опасност некој да биде повреден. Двејн Вашингтон, за среќа, беше внимателен, па запалката која беше фрлена кон него му заврши во рацете.


