Екипата на Нахчиван, предводена од македонскиот стручњак Никола Божиноски, ја продолжи победничката серија во азербејџанскиот шампионат откако во десеттото коло како гостин ја совлада Губа како гостин со 78-69.
Губа беше директен ривал за второто место на табелата, но со триумфот, Нахчиван се оддалечи на четири победи и сега минимални се шансите да ја загуби својата позиција. Ова беше четврта победа по ред за Нахчиван кој останува со само два пораза по десет кола, двата доживеани од лидерот Орду.
„Би сакал да ѝ честитам на Губа која се покажа во одлично издание и се бореше до самиот крај. Ние немавме добар шут за тројка, но ротиравме многу бидејќи на клупата имавме многу квалитетни играчи. И скокот ни претставуваше проблем, но најважно е што на крајот победивме“, рече Божиноски по натпреварот.
Првенството на Азербејџан продолжува веќе в понеделник кога Нахчиван повторно се среќава со лидерот Орду.


