Баерн Минхен го отпушти својот досегашен тренер Гордон Херберт по серијата катастрофални резултати.
Тешкиот пораз од Монако беше осми по ред за Баварците во Евролигата, па оттука и очекуваната одлука на раководството да ја прекине соработката со тренерот кој ја предводеше германската репрезентација до светската титула. Сепак, ситуацијата во Баерн не беше ни приближно толку среќна за Херберт како што беше со репрезентацијата, а Канаѓанецот го напушта клубот само четири месеци откако го презеде тимот. Спортскиот директор Драган Тарлаќ зборуваше за одлуката на клубот.
„Пред се, би сакале да му се заблагодариме на Горди за неговата работа, тој беше клучен за огромното зголемување на ентузијазмот за кошарка во Минхен минатата сезона. За жал, во спортот има ситуации кои не бараат друга опција освен промена. Кадровската ситуација по Европското првенство, повредите на клучните играчи, многу неповолниот распоред и неговото привремено отсуство поради болест придонесоа за серијата лоши резултати иако Горди не е одговорен за ништо од ова. Сепак, сега на сите им е јасно дека сме должни да му дадеме нов импулс на тимот, кој секогаш дава сè од себе. Длабоко жалиме за ова бидејќи двајцата се надевавме на поинаков исход. Сепак, сè уште имаме големи цели пред нас, а сезоната во Евролигата не е ни на половина. Веруваме во нашиот тим и се надеваме дека надворешното влијание ќе ги сруши очигледните пречки и ќе запали нова искра“, заклучи Тарлаќ.
Гордон е шести тренери кој добива отказ во Евролигата оваа сезона, по Сферопулос, Пењароја, Обрадовиќ, Месина и Кокошков.


