Шеј Гилџес Александер влезе во историјата на НБА откако ноќеска стана првиот бек шутер кој постигнал 20 или повеќе поени на 100 натпревари по ред.
Својот јубилеен, 100. таков настап, Канаѓанецот го забележа ноќеска против Мемфис Гризлис. Единствениот играч во историјата на НБА кој досега имал така импресивна серија беше Вилт Чемберлен.
Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер ја започна својата неверојатна серија на 1 ноември 2024 година, во петтиот натпревар од сезоната 2024-25. До 20. поен ноќеска стигна со препознатлив скок шут од полудистанца над играчот на Гризлис, Џексон Џуниор. Натпреварот го заврши со 31 поен, 10 скока и осум асистенции, а Оклахома победи со 119-103.
Минатата сезона, Гилџес Александер постигна 30 или повеќе поени дури 49 пати, на 13 натпревари ја надмина границата од 40 поени, а 50 или повеќе поени четири постигна пати. Оваа сезона, тој постигна помалку од 25 поени на само три меча. Ноќеска влезе во мечот како најдобар стрелец во лигата со 878 поени, 79 повеќе од второпласираниот Донован Мичел. До оваа бројка стигна и покрај тоа што често пропушташе добар дел од последните четвртини, бидејќи неговиот тим лесно доаѓа до победите и моментално имаат скор од 26/3.
Иако бројката од 100 поени е импресивен подвиг, актуелниот МВП е сè уште на 26 натпревари од рекордот на сите времиња. Легендарниот Вилт Чемберлен, член на Куќата на славните, го држи рекордот со 126 натпревари по ред со 20 или повеќе поени.
Ако Гилџес Александер остане конзистентен како што беше досега и не е отсутен поради повреди или тренерски одлуки, тој е на добар пат да го израмни рекордот на Чемберлен на 11 февруари против Финикс Санс. Веќе следниот ден, на 12 февруари, во дуел против Милвоки Бакс ќе може и да го собори.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Шарлот 139-132
Бостон – Индијана 103-95
Њу Орлеанс – Далас 119-113
Денвер – Јута 135-112
Оклахома – Мемфис 119-103
Голден Стејт – Орландо 120-97
Портланд – Детроит 102-110


